март 8, 2017

Нови Сад, 8. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Еден од најголемите бендови на нашето време The Killers, ќе настапи во среда, 5-ти јули, на таканаречениот „нулти ден“ на овогодишниот Exit.

Ова ќе биде новиот Get EXITed, специјалниот настан во чии рамки и Роби Вилијамс пред две години приреди вистински спектакл пред повеќе од 33.000 луѓе на Ушче. „Еден од најголемите бендови на векот“, „Најголемиот американски рок бенд“, „Најдобриот голем бенд на светот“, се само дел од цитатите за The Killers што ги напишаа светските медиуми како што се NME, MTV, VICE и бројни други.

Сопствениците на четири Бр.1 албуми и добитници на дури девет престижни награди за најдобар светски рок бенд, на Петроварадинската тврдина доаѓаат во рамки на ексклузивната турнеја на која ќе настапат во вкупно десетина земји меѓу кои се С.А.Д., Велика Британија, Шпанија и Србија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука