Скопје, 8. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на активностите за дигитална трансформација на банкарското работење и дополнително приближување на производите и услугите на Охридска банка Сосиете Женерал кон своите клиенти, од денеска, за корпоративните клиенти достапна е нова, подобрена веб платформа за управување со корпоративните банкарски сметки на клиентите.
Имено, новата платформа во рамките на услугите за електронското банкарство на Охридска банка Сосиете Женерал – ОБСГ Нет, им нуди можност на компаниите на едноставен, брз и пред сѐ безбеден начин, да управуваат со нивните денарски и девизни сметки, во било кое време, каде и да се.
Збогатена со бројни функционалности новата платформа поседува понапредни алатки за уште поедноставно користење. Дел од придобивките на новата платформа се: неограничен пристап до клиентските сметки 24/7 секаде во светот; можност за преглед на трансакциите и состојба на сметките во секое време; увид и во сметките на другите компании каде што корисникот на електронско банкарство е овластен потписник; сигурност, трајност и безбедност на податоците; едноставно извршување на плаќањата; без надомест за инсталација; достапна е на македонски и англиски јазик; достапна и за нерезидентни правни лица, кои отсега ќе можат да вршат и плаќања преку електронското банкарство; и уште многу друго.
– Достапноста на банкарските услуги, особено кај бизнис-сегментот, е од исклучителна важност за непречено одвивање на секојдневните активности. Дигиталната трансформација низ која поминуваат речиси сите индустрии е од особена важност за стекнување на конкурентска предност и постигнување на високо ниво на корисничко задоволство. Навиките и трендовите се менуваат. Ако пред само неколку години, секоја коресподенција или трансакција помеѓу компаниите и банките се одвиваше исклучиво во експозитурите, денес, клиентите едноставно можат да управуваат со нивните банкарски сметки преку овие “мобилни канцеларии”. Она што оваа нова, надградена и модерна платформа им го гарантира на клиентите е пред сѐ, високо ниво на безбедност, лесна и едноставна навигација низ понудените опции и прикази како и достапност согласно нивните потреби, изјави Нина Неданоска, Директор на секторот корпоративно и инвестициско банкарство во Охридска банка Сосиете Женерал.
Новата надградена платформа е достапна на истата адреса, и клиентите можат да пристапат кон неа со постојните пристапни информации (истиот сертификат и PIN-број издаден од Охридска банка Сосиете Женерал, или сертификат издаден од кои било други издавачи на сертификати).
Подетални информации за новата платформа за електронско банкарство за правни лица, клиентите можат да добијат на www.ohridskabanka.mk. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива