Лион, 10. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Синоќа се одиграа првите осминафинални натпревари во второто по ранг натпреварување на стариот континент,Лигата на Европа.
На осумте натпревари се постигнати 26 голови, а најблиску до четвртфиналето се фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Андерлехт и Генк.Ефикасната ноќ во Лига Европа ја обележа дерби мечот во оваа фаза Лион-Рома. По голема борба, извонреден фудбал и два пресврти славеше домаќинот со 4-2.
На останатите средби беа постигнати следниве резултати: Шалке-Борусија 1-1 , Гент-Генк 2-5 ,Олимпијакос-Бешикташ 1-1 ,Селта-Краснодар 2-1, Ростов-Манчестер Јунајтед 1-1, Копенхаген-Ајакс 2-1 и АПОЕЛ-Андерлехт 0-1. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 19