Минхен, 10. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Европската куќа на фудбалот соопшти дека покренала дисциплински постапки против Арсенал, Баерн Минхен и Наполи поради инцидентите кои ги предизвикале нивните навивачи за време на осминафиналните реванши во ЛШ
Арсенал ќе биде казнет бидејќи еден навивач влегол на теренот додека траел мечот на „Емирејтс“, Баерн го очекува казна бидејќи неговите фанови на мечот со Арсенал во Лондон фрлале разни предмети на теренот, а поради сличен инцидент казна го очекува и Наполи.
Конечна одлука околу висината на казните УЕФА ќе ја соопшти на 23.март. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 19