Индијан Велс, 10. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Меѓународната тениска федерација на седница на управниот одбор на ИТФ која се одржа во Индијан Велс каде почна првиот Мастерс турнир сезонава,го ограничи бројот на сетови во мечевите од Дејвис купот на три, наместо досегашните пет.
Голем број на тенисери се жалеа дека им е пренапорен актуелниот формат во Дејвис купот со три дена мечеви на три добиени сета. Според новите правила, Дејвис купот ќе се игра во два дена, а мечевите ќе бидат на два освоени сета.
Новиот формат треба да биде усвоен на состанкот на ИТФ во август, а според новите правила треба да се игра од следната сезона. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 18