март 10, 2017

Охрид, 10. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Продолжува растот на бројот на патници на двата аеродроми, охридскиот „Свети Апостол Павле“ и скопскиот „Александар Велики“.

Во првите два месеци од годинава преку аеродромот во Охрид и Скопје поминале 238 180 патници. Според статистичките податоци на концесионерот ТАВ, оваа бројка е за 9 проценти повеќе, споредено со бројот на патници за првите два месеци од минатата година.

Но, сепак, во првите два месеци од годинава намален е бројот на прелети од двата аеродроми за 2%. Во февруари годинава, споредено со истиот месец лани, се регистрирани за 7% помалку прелети, или вкупно 1 009. (Крај)

извор: e-magazin фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука