март 11, 2017

Охрид, 11. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – На програмата на Супер радио денес од 10:00 часот ќе се емитува новата епизода од емисијата „Ги плаќаме Вашите сметки“ со актерот Стрезо Стаматовски, која ќе се емитува во живо и на регионалната О2 телевизија.

Сите охриѓани се потенцијални добитници, односно можат да го искористат правото на „поврат на парите“. Треба само да купуваат производи во некој од „Тамаро“ маркетите во висина до 2.000 денари, во која задолжително ќе има производи од „Жито лукс“.

– Сметката можете да ја оставите заедно со Вашите податоци во посебно обележаните делови во маркетот или да ја испратите на нашиот официјален маил [email protected] со назнака за „Ги плаќаме Вашите сметки“ или на официјалната страна на Facebook, се деталите за учество во емисијата.

Секоја сабота, двајца најсреќни купувачи ќе бидат избрани и прогласени за победници. Тие ќе имаат време од 10 минути за да се дојдат во студиото на Супер радио и да си ги подигнат парите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука