Торино, 11. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Јувентус го победи Милан со 2-1 во првиот меч одигран во рамките на 28.коло во Серија А. Решавачкиот гол за домаќините го постигна Паоло Дибала од пенал во 97.минута.
Фудбалерите на „старата дама“ до трите бода стигнаа на начин кој ќе предизвика бројни полемики во Италија,главниот судија по истекот на 90-те минути покажа уште дополнителни четири, а пеналот го досуди, на сугестија на својот помошник во 95.минута.
Јувентус сега има 70 бодови, 11 повеќе од екимапата на Рома која има меч помалку, додека Милан со 50 бодови е на седмото место. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 24