март 12, 2017

Сасуоло, 12. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Иако претседателот на Сасуоло сакаше нивниот најдобар фудбалер Доменико Берарди да направи трансфер во било кој клуб само не во Интер, сепак трансферот на „Џузепе Меаца“ би можел да се случи уште летово.

Сасуоло не игра најдобро оваа сезона ,тешко доаѓаат до позитивни резултати, а сето тоа резултира со незадоволство кај играчите. Токму поради тоа, управата на клубот е приморана да го продаде нивниот најдобар играч и да започнат со реконструкција на тимот.

Сасуоло за Берарди бара 40 милиони евра, но Интер се надева дека ќе го доведе во Милано за 30 милиони. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука