Париз, 12. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Според тврдењето на француските медиуми челниците на ПСЖ подготвуваат отказ за тренерот Унаи Емери после дебаклот кој го доживеаа „светците“ на „Камп Ноу“.
ПСЖ нема да брза со отказот и се очекува тој да биде врачен дури по крајот на сезоната, но доколку тимот продолжи да игра лошо и во првенство не е исклучена можноста тоа да се случи порано.
Како негов наследник на клупата се шпекулира со името на Фабио Капело, а во игра се и Роберто Манчини и Масимилиано Алегри. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 18