март 13, 2017

Охрид, 13. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „учество во тепачка“ и „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против пет лица од Охрид.

Со кривична пријава се стекнаа лицата: А.Н.(27), А.К. (24), Ј.М. (23), И.У. (19) и И.У.(45).

Казнените дела се сторени на 17-ти јануари оваа година околу 23 часот на булеварот „Туристичка“ во близина на градскиот пазар во Охрид.

– Настанала тепачка помеѓу прво, второ и трето пријавените од една страна, со четврто и петто пријавените, од друга страна. Најнапред настанала меѓусебна вербална расправија која набрзо прераснала во жестока тепачка. Притоа, првите тројца пријавени употребиле метална шипка и дрвена летва при што четвртопријавениот се здобил со тешка телесна повреда а петтопријавениот се здобил со телесна повреда. Повредените, биле пренесени во општата болница во Охрид каде биле задржани на лекување, се вели во објаснувањето на СВР Охрид.

На местото на настанот, криминалистичко технички увид извршија полициски екипи при СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука