март 13, 2017

Милано, 13. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Вчерашниот ден во Серија А помина во знакот на Интер, кој со импресивна игра ја декласира Атланта 7-1, а двајца играчи Икарди и Банега постигнаа по три гола.

Првиот гол во дресот на Интер го постигна Гаљардини кој оваа зима пристигна токму од Атланта.Рома победнички гомина на гостувањето во Палермо и славеше 3-0 со головите на Ел Шарави, Џеко и Перез.

Резултати: Сасуоло-Болоња 0:1, Киево-Емполи 4:0, Фиорентина-Каљари 1:0, Наполи-Кротоне 3:0, Пескара-Удинезе 1:3. Колото се комплетира вечерва со дуелот Торино – Лацио. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука