март 13, 2017

Охрид/Скопје, 13. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Кај туристите кои го посетуваат Охрид и Македонија, во јануари годинава најбаран бил престој за хотели и тоа категориите со четири и три ѕвезди.

Додека во главниот град, најголем број ноќевања биле остварени во хотелите со пет ѕвезди. Веднаш по Скопје и околината, на листата на најпосетени видови туристички места биле езерските места.

Во јануари годинава, Охрид бил најпривлечен за бугарските туристи. На второ место се туристите од Грција, потоа од Албанија и Турција.
Во средната граница се посетителите од Србија и Косово, а годинава во јануари, имало зголемен интерес за посета на Македонија кај туристите од САД, Хрватска и Германија.

Инаку бројот на туристите во јануари 2017 година е поголем во однос на јануари 2016 година. Паралелно има зголемување на бројот, како на домашните, така и на странските туристи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука