Струга/Охрид, 14. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Средношколци од Струга и Охрид постигнаа значаен успех на натпревар по програмирање CodeCUP2017, кој се одржа на Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола.
За нијанса поуспешни беа учениците од Струга од средното училиште „Нико Нестор“, кои го освоија првото место за проект. Тимот го сочинуваа Махир Мерсимоски и Амир Ајдиноски, а нивен ментор беше професорот Лирим Бектеши.
Додека двајца ученици од Електромашинскиот училишен центар „Св. Наум Охридски“ од Охрид – Александар Дукадиноски и Филип Јосифоски беа второнаградени. Тие го реализираа проектот „Апликација рента кар“, под менторство на професорката Јулијана Петреска.
Третото место го освоија ученици од Прилеп и Битола. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива