март 14, 2017

Струга, 14. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против 25-годишниот А.Ш. од струшкото село Лабуништа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 23-ти декември минатата година бил извршен претрес во домот и други простории кај пријавениот, при што биле пронајдени 17 парчиња муниција различен калибар: два куршуми со калибар 9 мм од чешко производство, еден куршум со калибар 9 мм од германско производство и 14 куршуми со калибар 7,62 мм од кинеско производство.

Пронајдената муниција е наменета за испалување од огнено оружје – полуавтоматски пиштол и од автоматско огнено оружје. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука