Скопје/Охрид, 15. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денес престанува да важи обврската за задолжително носење зимска опрема во возилата, која започна на 15-ти ноември минатата година.
Од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата информираат дека возачите во најголем процент се приджувале до обврската за поседување и носење на зимска опрема.
Правилата за користење и носење зимска опрема во возилата се предвидени во Законот за безбедност на патниот сообраќај. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 16