март 15, 2017

Охрид, 15. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Таеквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид, овој викенд ќе учествува на меѓународен таеквондо турнир од А класа „Чешка Опен 2017“.

Турнирот ќе се одржи во Нимбурк, Чешка, а е најсилен турнир во централна Европа за оваа пролетна сезона. Ќе учествуваат едни од најсилните ИТФ репрезентации како што се Русија, Украина, Чешка, Полска.

– Ова е прилика да провериме до каде е нашиот квалитет и да видиме кој од нашите натпреварувачи може да нè радува во иднина на некое светско или европско првенство. Се надеваме дека и овој пат претставниците на Таеквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид ќе нè престават во најубаво издание и ќе нè направат да се чувствуваме горди. Воедно изразуваме најголема благодарност до генералниот спонзор ПН МЕТАЛ, кој и овој пат е најзаслужен за нивното учество, велат од охридскиот клуб.

На овој турнир под водство на Марјанчо Лазаревски, црн појас 4 дан и Ацо Јосифоски, црн појас 4 дан , натпреварувачите на Таеквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид ќе ги одмерат силите во 4 дисциплини: борби, форми, специјални техники и тест на сила- поединечно. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука