Порто, 15. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Легендарниот шпански голман Икер Касилјас, кој сега е чувар на мрежата на Порто, стана фудбалер со најмногу настапи во историјата на европските купови.
Со синоќешниот дуел против Јувентус, тој има 175 настапи во европските клупски натпреварувања, надминувајќи го и легендарниот лев бек на Милан,Паоло Малдини.
Малдини има 174 настапи, а еден помалку има Чави Хернандез, поранешниот фудбалер на Барселона. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 19