Охрид, 15. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Попладнево на крајбрежната линија кај Подмолје настанал голем пожар во кој била опожарена трска.
Од Територијалната противпожарна единица од Охрид информираа дека 2 екипи делувале во справувањето со пожарот, кој бил од голем обем.
– За среќа пожарот за брзо беше ставен под контрола. Наши две екипи со возила се на терен. Допрва ќе се проценува настанатата штета, велат од охридската пожарна.
Пожарот настанал во крајбрежниот дел на трската, на линија со патот за Струга. Освен трска, со пламените јазици не се зафатени никакви други површини. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 20