Скопје/Охрид, 15. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Со цел граѓаните да можат да ја поднесат даночната пријава во законскиот рок, сите даночни канцеларии на Управата за Јавни Приходи за прием на Годишните даночни пријави денеска ќе работат со продолжено работно време до 20:00 часот.
Денеска истекува рокот за поднесување на Годишната даночна пријава за поднесување на персонален данок на доход за приходите остварени во изминатата 2016 година.
Пријавите можат да се поднесат и преку пошта или преку е-Даноци за регистраираните корисници на електронските даночни услуги. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 23