март 15, 2017

Охрид, 15. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – „Потребно е градење на дигитален свет, што всушност промовира подобар пристап и партиципација за потрошувачите во општеството“, вели Вангел Спироски, претседател на Организацијата на потрошувачи на Охрид.

По повод денешниот ден, 15-ти март – Светскиот ден на Правата на Потрошувачите, претставници од Организацијата на потрошувачи од Охрид се дел од глобалната кампања за градење на „Подобар дигитален свет“.

– Дигиталната технологија има огромно влијание на потрошувачите низ светот. Се прави поширока кампања со промовирање на правата на потрошувачите во дигиталната сфера, односно купувањето преку интернет користејќи ги средствата за далечинска комуникација, преку социјалните мрежи и медиумите. Во брошурата за правата на потрошувачите при купувањето преку интернет, потрошувачите се информирани за своите права. Трговецот мора да ги соопшти на потрошувачот главните карактеристики на производот или услугата, потоа идентитетот на трговецот, односно трговското име, вкупната цена на производот или услугата, начините на плаќање и испорака и друго, додава Спироски.

Заштита на потрошувачите и јакнење на свеста се клучни за градење на доверба во дигиталната технологија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука