Охрид, 16. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Општинското Угостителско Туристичко Училиште „Ванчо Питошески” од Охрид се приклучи во хуманитарно- еколошката акција за собирање пластични капачиња „Едно капаче- една надеж”.
Акцијата ја иницираше Македонската медицинска студентска асоцијација-ММСА.
Пластичните капачиња од шишиња кои ќе се соберат, се испраќаат во Турција за рециклирање. За количина од 250 килограми се добива една инвалидска количка. Инвалидските колички се донации за лица инвалиди, кои доаѓаат од социјално загрозени семејства.
Досега неколку охридски училишта се приклучија на оваа акција. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОУТУ „Ванчо Питошески”
Прочитано: 9