Индијан Велс, 16. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал се елиминирани од Мастерсот во Индијан Велс, откако синоќа во осминафиналето беа поразени од Ник Киргиос односно Роџер Федерер.
На Ѓоковиќ не му одеше ништо од рака на овој меч, а Киргиос тоа знаеше да го искористи на најдобар можен начин и да победи со 6-4,7-6.
Швајцарскиот тенисер, Роџер Федерер за 70 минути игра со 6-2, 6-3 го победи Рафаел Надал и се пласира во четвртфиналето каде за противник го има Ник Киргиос. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: IW
Прочитано: 23