март 16, 2017

Охрид/Скопје, 16. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – ДЈ Ерик Фокс и охриѓанката Симона Попоска, членови на музичката група The Sound Messengers, остварија соработка со бразилски продуценти.

Музичарите и ремиксери од Бразил – Хадсон Леите и Тајлесон Пабло направија ремикс на познатата песна „Love Me“ на The Sound Messengers.

Денес е пуштен во етер ремиксот на првата песна, со која се прослави овој бенд. Темата „Love Me” е снимена пред 4 години, а има и видео запис. Синглот дожиеа свое ре издавање и ексклузивно е изработен од едни од најпознатите дј-и и ремиксери во Бразил и Jужна Aмерика.

Хадсон Леите и Тајлесон Пабло имаат ремиксувано повеке од 200 песни на познати светски изведувачи како: Selena Gomez, Alan Walker, The Cranberies, Inna, Celine Dion и многу други.

– Од целиот репертоар на нашите авторски песни, најмногу им се допадна „Love Me“ и нашата Симона и од таму инспирацијата за ремикс за истата во две верзии – радиска и се разбира клубска. Ремиксот својата промоција веќе ја доживеа во Бразил, а од денес ќе ја слушаме и во нашиот етер, велат од The Sound Messengers. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

https://www.youtube.com/watch?v=czoho7FfdLo

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука