март 16, 2017

Њу Јорк, 16. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Водечките светски спортски аналитичари сметаат дека еден од најталентираните светски кошаркари,Лука Дончиќ,најверојатно ќе биде прв пик на НБА драфтот во 2018 година.

Лука Дончиќ веќе втора сезона е дел од првата постава на Реал Мадрид, а оваа сезона блеска во Евролигата со просек  од 8,7 поени, 4,5 скока и 4,3 асистенции по натпревар.

Доколку прогнозите на аналитичарите се остварат, тогаш Дончиќ ќе биде вториот Европеец во историјата кој е избран од првата позиција на драфтот, по Андреа Барњани во 2006 година. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука