Охрид, 17. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот metal – core бенд Hardfaced, вечерва ќе одржи концерт за своите сограѓани.
Настанот ќе биде со почеток во 20:00 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев” на алтернативниот простор – керал сцена.
Во склоп на македонската турнеја која опфаќа неколку градови, Хардфејсд ќе свират и на домашно тло. Со концертот ќе одбележат јубилеј- десет години од излегувањето на деби албумот „More than hate”.
Hardfaced се основани во почетокот на 2004 година во Охрид. Во 2007 излегува нивниот деби албум „More than hate” кој добива одлични критики во Македонија и низ Балканот. Во 2011 излегува вториот албум „Show them what they fear”, a актуелни се и со третиот албум „Dying Lake”. Зад себе имаат неколку Европски и Балкански турнеи и свиреле со бендови како Biohazard, Unearth, Stampin’ Ground, 7 Seconds, Parkway Drive, Born From Pain, No Turning Back, Romeo Must Die, Devil In Me, Last Hope и многу други.
На концертот во Охрид ќе го свират целиот албум „More than hate”.
На концертот ќе настапат и членовите на TrendKill – кросовер/метал/хардкор бенд од Скопје во кој членуваат Калин Марковиќ – вокал, Дамјан Јанев – гитара, Симеон Јанев – тапани и Никола Силјаноски – бас.
Картите можат да се најдат во музичката продавница „Зи Зи Топ“, по цена од 150 денари (на врата 200 денари). (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Hardfaced