Скопје/Охрид, 17. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за локална самоуправа испратило писмено известување до сите градоначалници и совети на општини во Република Македонија со кое ги информира дека остануваат на своите функции до 15 мај 2017 година.
Министерството образложило дека правото на Локална самоуправа е право на граѓаните кое е гарантирано со Закон и Устав и од тие причини нема можност по 22 март да настане правен вакум во функционирањето на општините, пишува Охрид1.
Оваа одлука доаѓа по издадено мислење од Министерството за правда кое на 15 март дало мислење заведено под број 23-1141/2 со кое го информирало Министерството за локална самоуправа дека мандатите на градоначалниците и советите важат до 15 мај, а за периодот потоа ќе се издаде ново мислење, доколку Собранието на Република Македонија не се состави и не изгласа Закон за нови избори, или Закон за продолжување на мандатите до наредни избори.
Министерството образложило дека правото на Локална самоуправа е право на граѓаните кое е гарантирано со Закон и Устав и од тие причини нема можност по 22 март да настане правен вакум во функционирањето на општините. (Крај)
извор: Охрид1 фото: архива