Охрид, 18. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денес од 10:00 часот на Супер радио и О2 телевизија, ќе се емитува новата епизода од емисијата „Ги плаќаме Вашите сметки“ со Стрезо Стаматовски.
Минатата недела имаше двајца добитници на награди, кои купувале од производите на Жито Лукс, а пазареле во „Тамаро маркетите“.
За учество во емисијата, треба само да се купуваат производи во некој од „Тамаро“ маркетите во висина до 2.000 денари, во која задолжително ќе има производи од „Жито лукс“.
– Сметката можете да ја оставите заедно со Вашите податоци во посебно обележаните делови во маркетот или да ја испратите на нашиот официјален маил [email protected] со назнака за „Ги плаќаме Вашите сметки“ или на официјалната страна на Facebook, се деталите за учество во емисијата.
Двајца најсреќни купувачи ќе бидат избрани и прогласени за победници. Тие ќе имаат време од 10 минути за да се дојдат во студиото на Супер радио и да си ги подигнат парите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес