март 18, 2017

Минеаполис, 18. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Управата на кошаркарскиот клуб Минесота соопшти дека  поради повреда на стапалото Немања Бјелица ја заврши оваа сезона.

Српскиот репрезентативец се повреди во четвртокот,а повредата на Бјелица е уште еден удар за Минесота и амбициите на клубот за пласман во разигрувањето, бидејќи неколку недели претходно сезоната поради повреда ја заврши и Зек Лавин.

Бјелица оваа сезона настапи на 54 меча, на кои во просек имаше по 6,2 поени, 3,8 скокови и 1,2 асистенции. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука