Охрид, 18. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Вчера околу 15,40 часот на регионалниот пат Охрид-Свети Наум, се случила сообраќајна незгода, во која учествувале товарно возило, марка „Фиат Фиорино“ со охридски регистерски ознаки управувано од 42-годишниот М.Н. од селото Шипокно и велосипед управуван од 52-годишниот Б.И. од населбата Св.Стефан.
Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди. По укажаната лекарска помош во Општата болница во Охрид, бил пренесен во Клинички центар Скопје.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Охрид. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 19