Барселона, 19. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Каталонскиот гигант Барселона ова лето ќе го промени тренерот, а со самото тоа и тимот ќе претрпи одредени промени.
Се шпекулира со доаѓање на неколку фудбалери, а англиските медиуми пренесуваат дека Барселона по секоја цена сака да го врати „своето дете“ кое моментално настапува во Саутемптон, Ориол Ромеу.
Одличниот играч за врска е продукт на академијата на Барселона,помина низ многу клубови а каталонците сметаат дека сега би бил идеална алтернатива за Серхио Бускетс. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 21