Охрид, 20. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Викендов во организација на Сојузот за училишен спорт од Охрид, со поддршка од Локалната самоуправа, беше отворена годинeшната училишна спортска лига.
Во рамките на лигата, се одржуваа натпревари во футсал, одбојка, пинг-понг, шах и атлетика, на кои учествуваа ученици од основните и средните училишта од Охрид.
Од локалната велат дека овој настан потсетува дека сите треба да придонесуваме да се развива училишниот спорт.
Натпреварите ќе се одржуваат во текот на наредните два месеци, а финалните натпревари ќе бидат на 24. Мај- Денот на сесловенските просветители, кога ќе бидат врачени и наградите за најдобрите еипи и поединци, информираат од Сојузот за училишни спортови. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Ohrid.gov
Прочитано: 26