Велес/Охрид, 20. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Претставата „Лазаревото писмо“ на текст од охридскиот писател Живко Чинго, вечерва ќе биде изведена во Велес.
Претставата ја подготви Штипскиот народен театар, а е во режија и адаптација на Љупчо Ѓоргиевски.
Според ова дело на Живко Чинго – „Лазаревото писмо“, досега се направени неколку адаптации за претстава од неколку теари во Македонија. Во „Лазаревото писмо“ дејствието се случува во шеесетите години. Оригинално прозното дело носи наслов „Лазаревото писмо и писание“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 16