март 21, 2017

Скопје/Охрид, 21. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поевтинија горивата за 2 денари за литар.

До овој износ регулаторите од комисијата за енергетика на Република Македонија дојдоа откако според формулата наречена „Методологијата пропишана со Анекс Д од Договорот за купопродажба на акции и за концесија на Рафинерија АД Окта – Скопје, ги искомбинираа влијанијата на просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар која во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 51,57 $/барел и е за 6,38% пониска од просечната цена на сурова нафта.

Во споредба со изминатиот четиринаесетдневен период, се забележува намалување кај бензинот во просек за околу 6,89%, а кај дизелот намалување во просек за околу 6,75%.

Од ноќеска на полноќ во наредните 14 дена за литар Еуросупер БС-95 ќе плаќаме по 65 денари, за Еуросупер БС-98 по 67 и за литар Еуродизел (Д-Е V) по 52 денари. (Крај)

извор: Регулаторна фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука