Охрид/Истанбул, 21. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Членовите на помалите групи на културно уметничкото друштво „Ѓердан“ од Охрид од денес ќе учествуваат на свечен настан во Истанбул, Турција, каде на покана на организаторите, ќе бидат дел од културно уметничката програма.
Оваа манифестација е од општествено – културен карактер, а покрај делегатите од други земји, од Охрид улествуваат токму играорците од КУД „Ѓердан“.
И следниот месец играорците ќе реализираат гостување во странство. Станува збор за Детскиот фолклорен фестивал, кој ќе се одржи од 22-ри до 26-ти април во Виена Австрија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Куд Ѓердан
Прочитано: 26