Струга, 21. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Вчера попладне околу 13.00 часот во струшкото село Делогожда настанал пожар во куќа сопственост на лицето Н.Д..
Екипа на полициската станица од Струга извршила увид. Пожарот настанал во просторијата за дневен престој по што се проширил и во останатите простори од домот. Целосно се изгорени покуќнината, мебелот и техничките апарати.
Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 18