март 22, 2017

Охрид, 22. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – На 29-ти март, среда, на Факултетот за Туризам и угостителство – Охрид ќе се одржи промотивна средба за Е+ програмата на УКЛО.

На средбата институционалниот координатор Проректор Др. Виолета Манеска ќе одржи промотивна презентација. Меѓу другото, ќе бидат споделени искуства од студенти корисници на Е+ програмата.

Студентите кои се заинтересирани за понатамошно вклучување во оваа програма, ќе можат да се информираат на самата средба.

Еразмус+ координатор за ФТУ – Охрид е Проф. Д-р Ирина Петровска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука