Буенос Аирес, 22. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалерот на Јувентус Пауло Дибала нема да настапи на претстојните две квалификациски средби на Аргентина за СП 2018, против репрезентациите на Чиле и Боливија.
Офанзивецот се повреди на мечот меѓу Сампдорија и Јувентус, а по деталните прегледи од лекарите на својата репрезентација било констатирано дека повредата не е наивна, и Дибала ќе мора да мине извесно време надвор од терените.
Селекторот Едгардо Гауза го најави Гонзало Игуаин како предводник на нападот на Аргентина на следните две квалификациски средби, пред Серхио Агуеро кој се очекува да биде на клупата за резерви. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 16