Охрид, 22. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Младинската Академија е настан кој е наменет за младите кои се активни во граѓанските организации и имаат желба да го надоградат своето знаење за подобро водење и менаџирање во своите организации.
Младинската Академија ќе се одржи за време на Велигденските празници од 13 до 17 април во Извидничкиот Центар за Обука во Охрид.
На настанот има простор за учество на 50 млади на возраст од 16 години и постари. Настанот цели на поголем диверзитет и со оглед на тоа ќе се цели кон присуство на млади од повеќе организации – извиднички одреди. Заинтересираните учесници потребно е да аплицираат преку апликациска форма, најдоцна до 31-ви март врз основа на која ќе биде извршен избор на учесниците. Апликациите можат да се праќаат на: https://goo.gl/forms/Cf8CHE7AL7dTyJ7F2.
Избраните кандидати ќе треба на настанот да донесат материјали со кои ќе ја прикажат работата на својот одред – организација (проекти, флаери, презентација).
Младинската Академија ќе им овозможи на младите да се стекнат со вештини кои се исклучително важни за повеќе сегменти од водењето на организација, водење на иницијатива или било каков процес за акција. Преку здобиените знаења и вештини младите ќе бидат подготвени да бидат лидери во организациите како и лидери на промена во општеството. Обучувачи ќе бидат докажани младински работници и тренери од Сојузот на извидници на Македонија, Националниот Младински Совет и Европскиот Извиднички Регион.
Младинската Академија е настан од проектот на Сојузот на Извидници на Македонија, „Извидниците за активно општество“, кој е финансиран од програмата Цивика мобилитас на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во Македонија, која ја ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од Македонија и Шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ) од Шведска. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива