март 23, 2017

Охрид, 23. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во сабота, 25-ти кон 26-ти март стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час нанапред, а времето во 2 часот ќе се смета како 3 часот наутро.

Со тоа започнува летното сметање на времето.

Летно сметање на времето или летно време е договорено правило за пометување на часовниците така што попладнето да има повеќе дневна светлина, а за сметка на тоа утрата да бидат пократки. Вообичаено е часовниците да се поместуваат еден час нанапред на пролет, а да се враќаат еден час наназад на есен. Овој систем е предложен во 1905 г. од Вилијам Вилет, а првпат бил широко применет во 1916 г.

Летното сметање на времето завршува во последната недела во октомври. Тогаш во три часот наутро стрелките на часовникот се поместуваат за еден час наназад. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука