Дортмунд, 23. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Лукас Подолски на брилијантен начин се збогува од дресот на германската фудбалска репрезентација, постигнувајќи фантастичен погодок за триумф на својот национален тим против Англија (1-0).
Синоќешниот пријателскиот натпревар што се одигра во Дортмунд беше 130.меч за Подолски во дресот на Германија, по што става крај на репрезентативната кариера.
https://www.youtube.com/watch?v=het87-HbYO4
Лукас Подолски за германската репрезентација има постигнато 49 голови ,а со националниот тим во 2014 година ја освои светската титула. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 16