март 24, 2017

Охрид, 24. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.И. (38) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување на сигурноста“.

Пријавениот, подолг период ја загрозувал сигурноста на неговата сопруга, со која не живеел во заедница, упатувајќи и сериозни закани дека ќе нападне врз нејзиниот живот. Тоа го правел со испраќање пораки со навредлива и заканителна содржина како и со често одење на нејзиното работно место.

На 25-ти минатиот месец, пријавениот А.И. по серија упатени СМС пораки со закани, отишол на нејзиното работно место и пред присутните колеги отпочнал со вербални навреди и закани по животот и нејзината сигурност. На тој начин, пријавениот предизвикал страв и несигурност кај неговата сопруга, но и кај останатите присутни во деловниот објект.  (Крај)

извор: СВР Охрид  фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука