Охрид, 24. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Членови на Културно уметничкото друштво „Ѓердан“ од Охрид, на покана на општина Есенлер, учествуваа на манифестацијата на Меѓународен ден на водите, каде имаше претставници од историски градови на вода.
На меѓународниот состанок на историски градови на водениот пат, освен Македонија – Охрид и домаќините од Турција, учествуваа и претставници од Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Косово и Романија.
Општина Охрид имаше свој штанд со промотивни материјали и изложба на фотографии со мотиви од Охридското Езеро. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: КУД „Ѓердан“
Прочитано: 24