март 25, 2017

Охрид, 25. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – На Супер радио денес од 10:00 часот започнува уште една нова епизода од емисијата „Ги плаќаме Вашите сметки“ со актерот Стрезо Стаматовски, која ќе се емитува во живо и на регионалната О2 телевизија.

Потенцијалните кандидати можат да го искористат правото на „поврат на парите“. Оваа наградна игра се однесува на сите кои купуваат производи во некој од „Тамаро“ маркетите во висина до 2.000 денари, во која задолжително ќе има производи од „Жито лукс“.

Сметката треба да се остави заедно со податоците во посебно обележаните делови во маркетот или да се испрати на електронската пошта [email protected] со назнака за „Ги плаќаме Вашите сметки“ или на официјалната страна на Facebook, се деталите за учество во емисијата.

Двајца најсреќни купувачи ќе бидат избрани и прогласени за победници, кои ќе имаат време од 10 минути за да дојдат во студиото на Супер радио и да си ги подигнат парите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука