март 25, 2017

Охрид, 25. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од денес започнуваат тренинзите на Школото за ракомет „Охрид“, а малите ракометари ќе тренираат до крајот на јуни, додека по летниот распуст, од септември ќе продолжат со тренинзите.

Школото за ракомет „Охрид“ се формираше на иницијатива на КМГ Спорт – агенцијата за спортски маркетинг, консалтинг и менаџмент. Агенцијата е организатор на Летниот ракометен камп „Кире Лазаров“, кој на лето се одржува во Охрид.

– Во склоп на ракометниот камп „Кире Лазаров“, агенцијата иницираше формирање на нови ракометни школи низ македонските градови, наменети за помлади ракометари, родени 2003 година и помали. Ќе имаме повеќе тренинзи, два термини се за тренинзи, кои ќе се одржуваат во салата при ОУ „Григор Прличев“ и еден термин во Спортскиот Центар „ИБ Фитнес“ во Охрид, вели професорот Наум Јамандиев.

Освен професорот Јамандиев, децата ќе ги тренира и Наташа Поповска Карче, поранешна ракометарка. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука