март 27, 2017

Струга/Охрид, 27. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во царинската испостава Струга бил откриен обид за избегнување плаќање на увозни давачки со погрешно тарифирање на стока.

Увозник од Охрид пријавил за увозно царинење техничка стока, декларирана во тарифна ознака со стапка за царински давачки од 0% и стапка за ДДВ од 5%. Поради сомневање во правилното распоредување на производите според царинската тарифа, земени се мостри и испратени на анализа во Царинската лабораторија. Извршената анализа покажала дека производите треба да се распоредат во сосема друга тарифна ознака, со пропишани стапка за царински давачки од 0% и стапка за ДДВ од 18%.

Врз основа на новоутврдената тарифна ознака пресметани се дополнителни увозни давачки во износ од околу 210 илјади денари, а против увозникот е изготвен записник за царински прекршок. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука