Охрид, 27. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Прекинот на услугите во регионот на Охрид и Ресен е решен, информираат од Македонски Телеком, откако поради прекин на оптички кабел, денес не беа достапни услугите на Македонски Телеком во овој дел од државата.
– Проблемот не беше предизвикан од Македонски Телеком, туку беше резултат на оштетување на оптичките кабли при изведување на градежни зафати од страна на приватна фирма. Им се извинуваме на корисниците и им благодариме за разбирањето, информираат од Македонски Телеком. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 15