Скопје/Охрид, 28. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Викендов во Скопје со поддршка на Македонскиот Олимписки Комитет, Агенцијата за млади и спорт и градот Скопје, а во организација на Таеквондо клубот Бутел, се одржа 4-от меѓународен таеквондо турнир Скопје Опен 2017, најголем од овој вид во Р.Македонија.
Учество зедоа повеќе од 400 натпреварувачи од клубови од Албанија, Македонија, Косово, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Бугарија.
Таеквондо клубот „Хваранг Фист“ од Охрид како член на Македонската Таеквондо Федерација (WTF), учествуваше со 12 свои натпреварувачи.
И овој пат успехот не изостана, како и на претходните неколку турнири оваа година. Под водство на инструкторот Ацо Јосифоски 4 дан и тренерот Ангела Јовческа 2 дан, на турнирот се претставија натпреварувачите: Василија Јовчески, Христијан Митрески, Јован и Тамара Ристески, Дамјан Карадакоски, Миа Спироска, Тамара Велјаноска, Филип Јосифоски, Александар Јовановски, Миле Климоски, Филип Трифуноски и Мартина Јосифоска.
Златни медали освоија Дамјан Карадакоски, Филип Трифуноски и Мартина Јосифоска, додека сребрени медали освоија Христијан, Јован, Филип, Александар, Миле и Тамара, а со бронза се закитија Миа и Василија, секој во својата категорија.
– Финалната борба во категорија деца до 41кг беше помеѓу двајца членови, Дамјан и Јован, а едни од најатрактивните борби беа финалните борби на нашите Филип Јосифоски и Филип Трифуноски, велат од клубот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Хваранг Фист