Охрид, 28. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Презентација на тема „Популаризација на воениот позив за служба во Армијата на Република Македонија“ се одржа во Општинскиот електро машински училишен центар „Св.Наум Охридски“.
Целта на настанот беше информирање на средношколците за правата, обврските, животот и работата на војниците, професионалните војници и старешините. Преку презентацијата се поттикна зголемувањето на интересот кај младите за евентуално служење на доброволен воен рок, а потоа и пријавување на огласите за професионални војници и за офицери во АРМ.
Презентацијата ја организираа претставници на Министерството за одбрана и припадници на Армијата, потполковник Митко Богданоски, професор во Воената Академија и капетан Жарко Блажески. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“