Забава Избор Охрид

Објавена снимката од првата елиминациона аудиција на Ohrid SUPERSTAR (Видео)

Охрид, 28. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Oткако во саботата се емитуваше премиерно на програмата на Регионалната О2 телевизија, од денес на YouTube е достапна снимката од првата елиминациона аудиција на Талент шоуто Ohrid SUPERSTAR.

Во неделата се одржа и втората елиминациона вечер, кога нови 11 кандидати го обезбедија билетот за полуфиналето каде ќе се натпреваруваат: Ана Марија Кунеска, Емилија Петровска, Ирма Гогова, Андреа Јованоска, Илија Богданоски, Кристијан Танески, Роберт Сошански, Христијан Николоски, танцовата група „The Passengers“, Светлана Вељаноска, Катерина Трајковска, Мухамет Осман Џиџи, Филип Симоноски, бендот „High Voltage“, Ивана Коскоска, Мила Василеска, Викторија Донеска, Ангела Маркоска, Надица Наумоска, Билјана Буџакоска, Сара Петреска и бендот „Barel Row“. Снимката од овој настан ќе се емитува на програмата на Регионалната О2 телевизија, во сабота на 1-ви април.

superstarvtoraeliminacionaИнаку, од вчера се пуштени во продажба билетите за полуфиналето на Ohrid SUPERSTAR.

– Билетите ќе можат да се набават во Music Shop ZZ Top, „Тамаро 5“ маркетoт на Булевар „Туристичка“ кој работи 24 часа и во студиото на Супер радио. Со нив публиката ќе може да се гласа за својот фаворит во полуфиналето кое ќе се одржи во недела на 2-ри април со почеток во 11:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Жири комисијата ќе одбере 5 учесници кои ќе влезат во финалето, а публиката ќе има можност со своите гласови да одбере уште двајца. На билетите се наведени имињата на сите кандидати кои влегоа во полуфиналето. Ќе треба да го заокружат името на еден фаворит и да го остават во посебно обележаните кутии во фоајето при Центарот за култура, информираат организаторите.

superstarvtoraeliminaciona3Финалето на Ohrid SUPERSTAR ќе се одржи во недела, на 9-ти април со почеток во 11:00 часот во големата сала при Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.

Погледнете ја во целост снимката од првата елиминациона аудиција на Ohrid SUPERSTAR. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави